Среде
Париз од средина на 1970-те, повлечениот
бирократ Трелковски изнајмува апартман
во кој претходната потстанарка –
египтолог – има извршено самоубиство.
Соседите на Трелковски започнуваат
чудно да се однесуваат, наметнувајќи
му чудни правила според кои треба да се
однесува. Тој ја посетува поранешната
потстанарка во болница и по нејзината
смрт смета дека постои некаков заговор
против него од страна на соседите за да
го присилат и тој да изврши самоубиство.
Ова е дел од апартманската трилогија
на филмови на Полански која ја сочинуваат
и „Розмариното бебе“ и „Одбивност“.
Овој клаустрофобичен филм е едно од
најквалитетните филмски остварувања
на Полански, рендген на едно полудување
на главниот лик, буквар на сето тоа што
треба да го има еден модерен психолошки
хорор.
Држава:
Франција
Година:
1976
Времетраење:
126 минути
Режија:
Роман Полански
Сценарио:
Роман Полански, Жерард Брах
Улоги:
Роман Полански, Изабела Аџани, Мелвин
Даглас, Шели Винтерс
Во
устата на лудилото (In the Mouth of Madness)
Писателот
Сутер Кејн исчезнува и никој не може да
го пронајде. Џон Трент оди во потрага
по него, а следејќи ги неговите чекори
го открива неговиот авторски свет и
бизарностите кои ги носи со својата
реалистичност. Дали уметничкиот свет
е само фигмент на имагинацијата на некој
писател или е место кое со својата
опскурност постои во реалноста? Овој
филм евидентно ја црпи својата инспирација
од богатата литературна ризница на
двајцата великани на хорор жанрот, Х.П.
Лавкрафт и Стивен Кинг. Целиот филм
функционира како еден бесконечен кошмар
лебдејќи помеѓу реалноста и фикцијата.
Ова е едно од најзначајните хорор
остварувања во САД во деведесеттите
години на минатиот век, а според многумина
и последното вистинско ремек дело на
Џон Карпентер.
Држава:
САД
Година:
1994
Времетраење:
95 минути
Режија:
Џон Карпентер
Сценарио:
Мајкл де Лука
Улоги:
Сем Нил, Џули Кармен, Јурген Прохнов,
Дејвид Вернер
No comments:
Post a Comment