Црн
Сабат (I tre volti della paura)
Оваа
хорор антологија прераскажана од страна
на Борис Карлоф е составена од три
сегменти. Првиот е адаптација на дело
на Чехов, приказна за медицинската
сестра која ќе го украде прстенот на
една мртва жена која се смета дека била
медиум. Втората приказна е адаптација
на дело на Снајдер, приказна за убиецот
кој им се заканува на своите жртви со
телефонски повици. Третата приказна е
адаптација на дело на Толстој, приказна
во која еден прогонувач на вампири и
самиот станува еден од нив и започнува
да ги убива неговите најблиски. Оваа
антологија е многу значајна за колоритната
естетика на Бава и модернизацијата на
италијанскиот хорор филм. Квентин
Тарантино има изјавено дека оваа
антологија била голема инспирација за
неговиот „Евтини приказни“. Една од
најзначајните италијански филмски
антологии на сите времиња со раритетната
изведба на Борис Карлоф во улога на
вампир.
Држава:
Италија
Година:
1963
Времетраење:
92 минути
Режија:
Марио Бава
Сценарио:
Марио Бава, Алберто Бевилаква, Марчело
Фондато
Улоги:
Борис Карлоф, Микеле Мерсиер, Лидија
Алфонси, Сузи Андерсон
Не
гледај сега (Don't Look Now)
Џон
и Лаура Бекстер се во Венеција каде се
сретнуваат со две повозрасни сестри.
Една од нив смета дека е видовита и дека
го забележува духот на починатата ќерка
на Бекстерови како се движи по улиците.
Џон одбива да верува во такво нешто, но
Лаура е заинтригирана од можноста за
конечно помирување со болното минато.
„Не гледај сега“ е филм во кој
привиденијата стануваат реалност, а
реалноста само привид, притоа вешто
инкорпорирајќи ритуали од окултистичка
проминенција во модерна Венеција.
Базиран на делото на Дафне де Мауриер
и со музиката на Пино Донаџио кој подоцна
ќе соработува со Брајан де Палма, Џо
Данте и други, „Не гледај сега“ е магнум
опусот на извонредниот Николас Роег.
Држава:
САД
Година:
1973
Времетраење:
110 минути
Режија:
Николас Роег
Сценарио:
Алан Скот, Крис Брајант
Улоги:
Џули Кристи, Доналд Сатерленд, Хилари
Мејсон
No comments:
Post a Comment