Холокауст на канибалите (Cannibal Holocaust)
Харолд
Монро, професор по антропологија од
Њујорк при посета на Амазон открива
документарен филм сниман од тричлена
екипа што се води за исчезната. По враќање
во Големото јаболко тој детално го
прегледува филмот, постепено запознавајќи
се со чудовишната страна на „цивилизираната“
филмска екипа и мистеријата зад нејзиното
исчезнување. Овој неповторлив и уникатен
филм за односите меѓу припадниците на
примитивната заедница и модерното
општество своевремено беше забранет
за прикажување ширум светот. Далеку
пред своето време, „Холокауст на
канибалите“ претставува и појдовна
точка за современи класици како
„Вештерката од Блервич“ и „REC“.
Држава:
Италија
Година:
1980
Времетраење:
95 минути
Режија:
Руџеро Деодато
Сценарио:
Џианфранко Клерици
Улоги:
Роберт Керман, Франческа Кијарди, Пери
Пирканен
Треска (Shivers)
а.к.а.
Тие дојдоа одвнатре (They Came from Within)
Станарите
на една зграда во Торонто стануваат
инфицирани манијаци кои преку сексуален
контакт ја шират својата инфекција,
како вампири кои трагаат по крв. Причината
за ваквото однесување се генетички
модифицирани паразити кои предизвикуваат
инфицираните да ги срушат своите
инхибици. Нивниот создавач е научник
кој сфаќајќи што сторил во својот обид
да му помогне на човештвото убива една
девојка, а потоа се самоубива. Прв
долгометражен филм на тогаш младиот и
неискусен, а сега виртуозен генијалец
Дејвид Кроненберг, суров филм кој го
содржи есенцијалот на неговата
бескомпромисна поетика и естетика на
спознавањето на човечкиот организам
заедно со семето на уништувањето кое
го носи во себе.
Држава:
Канада
Година:
1975
Времетраење:
87
минути
Режија:
Дејвид Кроненберг
Сценарио:
Дејвид Кроненберг
Улоги:
Пол Хемптон, Џо Силвер, Лин Лори, Барбара
Стил, Сју Хелен Петри
No comments:
Post a Comment