Во
овој независен црно-бел хорор филм
мртвите оживуваат и се враќаат помеѓу
живите за да ги убијат и изедат. Мала
група на преживеани луѓе се барикадира
на една фарма која истовремено претставува
и нивна заштита и нивен затвор. Колку
што е ова филм за зомбијата кои демнат
во ноќта, толку е и филм за луѓето кои
се забарикадирани во куќата, за нивната
алчност, кукавичлук, подреденост, страв,
наивност и глупост. Во суштина, „Ноќта
на живите мртовци“ е безнадежен филм
против неуспехот на хипи движењето и
суровата реалност на Виетнамската војна
чии што одблесоци се парафразирани во
моќна „cinema verite“ стилизација. Филмот
ја има направено една од најзначајните
филмски револуции до ден денес,
разнесувајќи ги ширум портите за
архетипот на зомбито, но и воопшто,
воведувајќи ја ерата на графички
експлицитниот хорор филм.
Држава:
САД
Година:
1968
Времетраење:
96 минути
Режија:
Џорџ А. Ромеро
Сценарио:
Џорџ А. Ромеро, Џон А. Русо
Улоги:
Двејн Џонс, Карл Хардман, Мерилин Истман,
Џудит О Ди, Бил Хинзман
Зора
на мртвите (Dawn of the Dead)
Епидемијата
на зомбијата ја добива својата експанзија
и низ американските метрополи, заменувајќи
го секојдневието со хаос и пустош.
Репортер, неговата девојка и двајца
специјалци наоѓаат засолниште од живите
мртовци во еден трговски центар кој е
опседнат до врв со зомбија, но претставува
и мета на група милитантни моторџии.
Овој филм е една огромна сатира на
американското конзумерско општество,
филм во кој заробениците во трговскиот
центар може да имаат што ќе посакаат,
сé што може да се купи за безвредни пари,
освен нивната слобода. Во филмот
заробениците поминуваат низ еден
емоционален рингишпил, каде моментите
на среќа и радост се комбинираат со
миговите на безизлезност и пораз.
Филмот ќе остане запаметен по одличната
соработка меѓу Ромеро и мајсторот на
специјалните ефекти Том Савини.
Држава:
САД
Година:
1978
Времетраење:
126 минути
Режија:
Џорџ А. Ромеро
Сценарио:
Џорџ А. Ромеро
Улоги:
Дејвид Емџ, Кен Фори, Скот Рејнигер
No comments:
Post a Comment